Голем пожар се приближува до предградија на Атина

Од:

Пожарникари во Грција не можеа да го спречат големиот пожар што се приближи до северни предградија на Атина, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, оставајќи илјадници жители надвор од своите домови.

„Напуштете ги своите домови веднаш“, ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија. Жителите добија предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана.

Густи облаци чад се видливи насекаде над грчката престолнина.

Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста за големи пожари бидејќи голем топлотен бран ја погоди Грција, што не се очекува да стивне оваа недела. Температурите се искачуваат над 40 степени Целзиусови. Во другите делови на Грција, пожарникарите се борат со големиот пожар на островот Родос, што ги принуди жителите на неколку општини да избегаат.

Властите ја предупредија јавноста дека ризикот од пожар ќе биде многу голем дури и кога ќе помине топлотниот удар бидејќи има голема суша и метеоролозите најавија силен ветер.

Би можело да ве интересира

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Со дрон се обидоа за внесат мобилни телефони во затвор во Грција

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

Фатена е криминална група во Солун – прошверцува над 17 милиони цигари

А1он

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он