Голем пожар на скопската депонија „Дрисла“

Од:

Попладнево пламна голем пожар на скопската депонија „Дрисла“ во близина на селото Батинци.

Од скопската Противпожарна единица известија дека нивни екипи веќе делуваат на терен, а присутни се и припадници на полицијата.

Директорот на ДСЗ, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот не е алармантен.

„БППЗ Скопје работи на негово гаснење. Гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови“, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски