Голем интерес за вработување во штипската Клиничка болница

Од:

Над 130 кандидати до денеска се пријавиле на огласот за вработување лекари и медицински персонал во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека бројот на пријавените не е конечен, бидејќи се очекува апликации да пристигнуваат и по пошта и тоа најдоцна до петок.

– Откако огласот ќе заврши кандидатите ќе одат на тестирање, по што ќе се направи и соодветна ранг листа, вели Ѓеорѓијев.

На 23 август штипската Клинилчка болница распиша оглас за нови 51 вработување, а ќе трае до утре. Од нив 12 се доктори по општа медицина, дваесетина се медицински сестри, но е предвидено вработување на психолог, социјален работник, физиотерапевти, како и технички кадар. Последен оглас за вработување во болницата имаше лани, кога беше распишан за вработување на две медицински сестри. Во моментов со договор на дело работат околу 60 лица.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он