Голем интерес за приватни старски домови и градинки

Од:

Владата нуди поволности за изградба на домови за стари лица и приватни градинки.Почетната цена за продажба на државно градежно земјиште за изградба на вакви објекти е едно евро за метар квадратен. Комуналните такси за изградба на домови за стари лица и на градинки се намалени за 95 проценти. Преку Македонска банка за поддршка на развојот се нудат специјални поволности, како и за вработување на кадри преку Агенцијата за вработување, изјави на прес-конференција денеска портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Во соработка со општините, потенцираше портпаролот на Владата, има сериозен прогрес во поглед на објектите кои се определени за реконструкција или адаптација за да се искористат за започнување бизнис во оваа сфера. Од страна на приватниците, според Ѓорѓиев, има голем интерес за влегување во овие дејности.

– Комуналните такси за изградба на домови за стари лица и на градинки се намалени за 95 проценти. Преку Македонската банка за поддршка на развојот се нудат специјални поволности преку евтини кредити на кои се субвенционира каматата во висина од 5,5 отсто што секој приватен стопанственик може да ги користи за оваа дејност. Исто така преку Агенцијата за вработување можат да се користат определени поволности при вработување на кадар. Поволностите од ЕБРД и од Агенцијата за вработување може да ги користат субјектите кои допрва се одлучуваат да влезат во дејноста и да изградат објекти и да стопанисуваат со нив, така и од оние кои се веќе формирани, рече Ѓорѓиев.

Доколку некој сега се одлучи да стапи во дејноста тогаш, појасни тој, може да ги користи овие евтини финансиски инструменти и доколку некој веќе функционира во дејноста и сака таа дејност да ја прошири или пак да го прошири својот објект, сака да вработи нов кадар исто така може да ги користи овие придобивки.

– Има сериозен напредок  во пронаоѓањето локации и објекти и во поглед на големиот интерес што го покажуваат приватните стопанственици за влез во оваа дејност. Во соработка со општините веќе се издвоени 35 локации, погодни за изградба на приватни домови за стари лица и 55 објекти кои би можеле да се адаптираат или реконструираат за да бидат користени од страна на приватниците за да се воспостави оваа дејност или преку пат на јавно приватно партнерство или концесија или, пак, преку продажба на овие објекти, ставање сопственост на приватникот и понатаму функционирање како приватен бизнис, рече портпаролот на Владата.

Во однос на градинките обезбедени се 23 локации на кои може да се градат овие приватни детски градинки и се издвоени 14 објекти кои со определени интервенции може да бидат адаптирани.

– Сите овие податоци веќе се објавени на веб – страницата на Министерството за труд и социјална политика и секој оној кој има идеја, интерес или пак визија да започне бизнис во оваа сфера може слободно да ги погледне, да се запознае со фактите и со сите околности, а во МТСП во секој момент се отворени за каква било консултација. Функционира и бесплатен телефонски број 15505, информира Ѓорѓиев.

Досега, според него, од контактите што ги има направено Министерството и Владата интерес за инвестиции во приватни домови за стари лица покажале 35 домашни и странски инвеститори, додека, пак, во поглед на изградба на градинки изразиле интерес 28 претприемачи од земјава или странство.

– Во тек е постапка за продажба на државно градежно земјиште во општина Илинден наменето за изградба дом за стари лица. Огласот трае до 18 август оваа година и се работи за земјиште со површина од 10 илјади метри квадратни, а градбата би била 5.000 метри квадратни. Во текот на втората половина од август ќе биде даден на продажба и објект во општината Пехчево за приватен дом за стари лица. Во општина Неготино во текот на третиот квартал од годината се очекува распишување на постапка за продажба на земјиште за градба на дом за стари лица. Во општина Аеродром веќе заврши оваа постапка. Земјиштето е купено од страна на приватен инвеститор и се очекува кон крајот на месецот да се започне со градба. Во општина Богданци се работи на финиширање на целокупната процедура за објект којшто е во рамките на овој проект и инвестиција на странски инвеститор за изградба на дом за стари лица. Во постапка на добивање решение за вршење на дејноста се поголем број приватни домови за стари лица во Гостивар, Аеродром, Карпош, Струмица и Крушево, рече Ѓорѓиев.

Во однос на приватните градинки има сериозен интерес за влез на приватен капитал во Гостивар, Аеродром, Центар Жупа и Битола.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов