Голем интерес на средношколците за студиските програми на факултетите и универзитетите

Од:

Средношколците од 22 средни училишта покажаа голем интерес и се запознаа со студиските програми на факултетите и универзитетите во рамките на проектот „Училиштата на Град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми“, кој се реализираше во периодот од 15 март до 1 април годинава.

Универзитетите и факултетите имаа можност во точно определен ден, без да се наруши наставата, да ги презентираат своите програми и непосредно да дадат одговори на прашањата што си ги поставуваат идните академски граѓани. Нивните студиски програми просечно беа претставени пред околу 150 ученици во завршните години од средното образование, во секое училиште.

За реализација на проектот беше ангажиран стручен тим од Секторот за образование на Град Скопје, средните училишта на Град Скопје со нивните стручни служби, класните раководители, дежурните вработени и останатите административни работници коишто дадоа сериозна поддршка за спроведување на отворените денови.

Успешноста на отворените денови и големиот број заинтересирани ученици отвораат можност ваквите активности да станат редовна пракса во средните училишта на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните

72-годишен маж од Скопје починал на улица

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост