Голем хуманитарен концерт за малата Тамара одржан во Велес

Од:

Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес синоќа се одржа голем хуманитарен концерт за помош на осумгодишната Тамара Димовска.

Концертот беше наменет за помош за операција и лекување на Тамара, која има искривување на кичмата и затоа и е потребна итна операција за да се спречи нејзиното понатамошно искривување.

На  четири часовниот концерт кој траеше некаде до полноќ, настапија вешекото Балетско студио „Анабела“ и групите „Виртус“ и  „Соната“,а потоа и повеќе млади македонски ѕвезди од естрадата:Викторија Лоба,Александар Тарабунов,Наташа Малинкова,Роберт Билбилов,Нина Јанева,Мики Секуловски и други, а на крај и мега популарната ѕвезда Даниел Кајмаковски кој на сцената пееше заедно со малата Тамара и нејзината сестричка,кои блескаа од среќа.

Малата Тамара изјави дека е пресреќна за овој концерт на кој за нејзина помош дојдоа да пеат толку многу пеачки ѕвезди, а посебно е пресреќна што дојде Даниели Кајмаковски кој многу го обожува и сака.

Пеце Ацев иницијатор и еден од организаторите на концертот во изјавата за МИА, потенцира дека е  презадоволен  што велешани дојдоа во толкав голем број, а и горд на овој хуманитарен концерт за помош на малата Тамара.

– Со ова граѓаните на Велес како и многупати досега докажаа дека се хумани,а јас како иицијатор и организатор заедно со сите кои беа организатори со мене им благодариме затоа што помагаат секогаш кога треба да се помогне, потенцира Ацев.

Жаклина Димовска мајката на Тамара, во изјавата за медиумите исто така им се заблагодари на сите свои хумани  сограѓани кои дадоа подршка за нејзината Тамара.

– Операцијата е многу тешка, а  ќе биде некаде во јануари и освен Хрватска сега може да избираме дали ќе се изврши можеби во Турција,Германија или САД, но треба да го избереме најдобриот лекар за што и треба да одлучиме. За најавата на министерот за здравство Никола Тодоров за финансиска помош за операција во странство сум посебно благодарна и сега  чекаме  официјален документ од министерството, рече мајката Жаклина Димовска.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска