Годишно 750 нови случаи на рак на дојка

Од:

Во пораст е инциденцата на ракот на дојката особено во последните две години. Во Македонија годишно има околу 750 новодијагностицирани случаи на рак на дојка, а бројот на починати годишно изнесува 293. Болеста е најчеста во возрасната група од 45 до 49 години и од 55 до 59 години.

Ова денеска го истакна претседателот на Здружението Борка – за секој нов ден, Биба Додева на Националната конференција за борба против ракот на дојка. Таа укажа на проблемите со кои се соочуваат пациентите во борбата против оваа болест, како што се чекањето резултати од биопсија, проблеми со имплементирање на организиран скрининг за рано откривање на болеста, палијативната нега на пациенти со метастатски карцином итн.

– Токму на овие прашања следните неколку месеци Борка ќе биде посветена и тоа во рамки на едукативните предавања низ градовите и преку анкети на терен ќе ја утврди фактичната состојба со цел интервенирање до институциите и лобирање за подобри услови, права на пациентите и лекување според европски стандарди, рече Додева.

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова во своето обраќање ги поздрави проектите, кампањите и акциите на државните институции, на здравствените установи, медицинските професионалци и граѓанскиот сектор.

– Денес им искажуваме поддршка на сите кои се засегнати со ракот на дојката. Тука сме да ја искажеме нашата упорност и желба да им помогнеме на жените кои сега се соочуваат со најголемата препрека на нивниот животен пат. Да им покажеме дека не се сами, дека нашето сочувство е нашата помош и борба за полесно соочување со болеста, истакна Иванова.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова ги најави новините за осигурениците кои ги предвидува Фондот, а ќе почнат да се применуваат во јануари 2013 година. Посочи дека усвоен е Прашалник за колоректален карцином кој ќе се применува на 15 проценти од вкупниот број осигуреници кај матичните лекари на возраст од 50 до 74 години, за што потоа ќе следи и советување.

– Во финална фаза сме на изработување на проектот за реализација на родителскиот дом за деца заболени од рак. Фондот е во фаза на ревизија на цената на здравствената услуга за вградување импланти за осигуреничките кои поминале во фаза на рак на дојка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, со што ќе се овозможи целосно финасиско покривање на хирушките зафати за ваквите интервенции. Од јануари ќе се воведе условен буџет за таа Клиника, рече Парнарџиева Змејкова.

Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, рече дека може да се превенира и навреме да се открие кариномот на дојка, марка и колоректалниот карцином.

– Оваа година почна скрининг за колоректален карцином, а за скрининг за рак на дојка треба уште малку подготвителни активности, потенцира Костовска.

Здружението Борка по шести пат го одбележува месец Октомври како Светски месец на борба против ракот на дојка, со што ја поддржува глобалната светска акција за поддршка на сите потенцијално заболени, дијагностицирани со рак на дојка итн.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти