ГОБ „8 Септември” ќе биде реконструирана до октомври, ќе се реновира и Охридскиот аеродром

Од:

Вкупно 14,7 милиони евра инвестиции од кои 12 милиони за реконструкција на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември” и 2,7милиони за реновирање на охридскиот аеродром “Св. Апостол Павле”, најави Владата.

Како што беше речено денеска на прес конференција, болницата во октомври се очекува да биде целосно реконструирана. Со планираните активности е предвидено да биде опфатен оперативниот блок од седум хируршки сали, две за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една сала за уво, нос и грло, една за очна хирургија и една за роботска хирургија. Сите сали ќе имаат најнова опрема, хируршки маси у машини за анестезија, медицински компјутери, дефибрилатори и друг инвентар.

Охридскиот аеродром ќе добие нова административна зграда од 250 метри квадратни, а реновирани ќе бидат и останатите сегменти.

Инвестициите ги најавија премиерот Христијан Мицкоски и министрите за транспорт и за здравство, Александар Николовски и Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

„8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари

43-годишна жена починала во просторија за преглед во болницата „8 Септември“

Горан Наумовски

За шест месеци во функција акцелераторот во ГОБ „8 Септември“, најавува Таравари

Именувани неколку нови директори на клиниките

Насилници истепале 71-годишна жена од Скопје

Во болницата „8 Септември“ во Скопје било донесено починато бебе