А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари

by А1он10/02/2025 - 12:28302
Share0

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Мислам дека ГОБ „8 Септември“ треба да биде втора клиничка болница во Скопје, меѓутоа треба да се дадат повеќе ингеренции. Мислам дека „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар „бекап“ за Клинички центар, нагласи министерот, одговбарајќи на новинарски прашања по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.

На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, тој одговори дека за 2025 нема таков план.

– За 2026 ќе зборуваме и ќе ви кажиме доколку има нешто конкретно, рече Таравари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Одговарајќи на новинарско прашање за болницата во Штип, тој рече дека не само таа, туку сите болници биле оставени така како што биле. Тој изрази надеж дека по јуни ќе се почне со проект за реновирање, односно нови болници во Штип и Кичево.

– Сега ако ви кажам одма ќе ги направиме, тоа е невозможно. Оваа година, во план ни се четири болници за да започнеме. Струмица, „Свети Еразмо“, Кичево, Штип. Овие ни се во план за оваа година и реновирање на оддели и тука на Клинички, но и на други болници, одговори тој на прашањето кога може да се очекуваат подобрени услови.

Министерот рече дека е оптимист барем таа во Струмица и „Свети Еразмо“ да бидат завршени до крајот на оваа година, а новите болници во Штип и Кичево да бидат готови барем за две години.

На прашање за коментар за најава дека Државниот инспекторат ќе ја тужи Детската клиника, тој одговори оти нема, „ако мислат дека треба да се тужи, нека ја тужат“. Министерот рече и дека нема информации за пациенти од „Тикток“, млади луѓе кои користат по пет – шест парацетамоли, пријавени на Клиниката за токсикологија.

– Првпат ја слушам оваа информација, бидејќи, искрено, не користам „Тикток“, одговори тој на новинарско прашање.

arben taravaribolnica 8 septemvri

Би можело да ве интересира

Мицкоски му одговори на Таравари за враќањето во владата и го потсети на тендерот „Ѓока констракшн“

Катерина Ѓуровски23/06/2026 - 12:58

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:4226/02/2026 - 15:07

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 20:3525/01/2026 - 20:36

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Горан Наумовски25/12/2025 - 10:43

Во болницата „8 Септември“ е донесена почината жена од Скопје

Горан Наумовски14/12/2025 - 14:11

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Катерина Ѓуровски21/10/2025 - 09:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео