Го потврдуваме нашето стратешко сојузништво, Мицкоски по средбата со Орбан

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски утрово оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера пристигна во официјална посета на државава.

– Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Во Охрид денеска ќе се одржи и меѓувладина седница по што се очекува двајцата премиери да имаат заедничка прес-конференција.

Според агендата, предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Би можело да ве интересира

Политико: Поразот на Орбан ќе предизвика политички превирања од Вашингтон до Москва

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

ВИДЕО: Клучни избори во Унгарија, што велат анкетите и обложувалниците

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите