„Го чуваме нашиот Центар“, нов проект на општината

Од:

Стражарските служби на општина Центар започнаа со работа. Чуварите ќе бидат на располагање на граѓаните секој ден од 20:00 до 04:00 часот.

Нивни задолженија ќе бидат:

-заштита на зеленилото во регионот
– заштита на урбаната опрема и инвентарот
– грижа за вашата безбедност

Во изминатите години, општина Центар, се посвети на разубавување на маалата, реконструкција на зеленилото, поставување на нова урбана опрема и нови детски игралишта,
Сега сето ова создадено, треба да се заштити, за да остане и за следните генерации.

Овој проект за поставување на стражарски куќички со чувар се по барање на граѓаните, и ќе бидат поставени на повеќе локации во Центар. Првите поставени куќички се поставени во Градски Sид и Капиштец.

Општина Центар ги повикува граѓаните на соработка.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски