„Гнездо“ и „Интермецо“ добија предупредување од Општина Центар за намалување на бучавата

Од:

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжува со контролите на гласноста во угостителските објекти во Општина Центар.
Овластените општински инспектори за животна средина, заедно со одговорните лица од овластената лабораторија за мерење на бучава, со која Општина Центар има склучено договор, овие денови се повторно на терен информираат од Општината.

-По извршените мерења во одредени локали, инспекторите констатираа повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23:00 часот, а уште два локали, Гнездо и Интермецо, добија Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина. По добивањето на Решенијата, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по нив, стои во соопштението од Општина Центар.

Минатата седмица општинските инспектори издадоа две Решенија за преземање на мерки за намалување на бучавата на два угостителски објекти, Мош и Макка.

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во Општина Центар, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина. Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишаните мерки и на угостителските објекти ќе им бидат изречени поригорозни казни, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата