Гнев кај фудбалерите: Белгијците ни денеска не дозволија да тренираме на стадионот во Брисел

Од:

Гнев и лутина кај селекторот Чедомир Јаневски и репрезентативните фудбалери на македонската селекција пред утрешниот натпревар што во Брисел треба да го одиграме против соодветната селекција на Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2014 година во Бразил.

Како што пренесува дописникот на МИА од Брисел, причината за ова е некоректниот однос на домаќините кои и денеска не дозволија нашите најдобри фудбалери, според правилат на Светската фудбалска организација (ФИФА), да тренираат на националниот стадион „Рои Бодуин“, каде за утревечер (20:45 часот) е закажан натпреварот.

Откако синоќа тренираа на замрзнатиот и прекриен со снег терен во градчето Махелен, македонските репрезентативци вечерва тренираа на 30 километри од Брисел, на теренот на четвртолигашот Оверијсе во истоимениот град. Ваквиот преседан, од Белгиската фудбалска федерација го правдаа со дозвола од ФИФА со цел да се сочува теренот на главниот стадион, кој пак денеска беше прекриен со посебна покривка.

– Многу сум разочаран од непрофесионалниот однос на белгиската федерација која не ни овозможи соодветни услови за работа. Не ми е јасно како на ваков официјален натпревар за пласман на СП не може да тренираме на теренот на кој ќе се одигра утрешниот натпревар? И теренот во Скопје беше во очајна положба, но ние сепак ги почитувавме правилата на ФИФА и им дозволивме на Белгијците да тренираат. Постои нервоза кај нас, но можеби ова ќе биде дополнителен мотив да одиграат подобро и да забележиме позитивен резултат, изјави селекторот Јаневски по вечерашниот тренинг.

Инаку, вечерва сите 21 репрезентативец тренираа со полн интензитет и се максимално подготвени за соочувањето со противникот кој пред четири дена среќно не совлада во Скопје со 2:0.

Според она што можеше да се забележи на вечерашнито тренинг, селекторот Јаневски утре на „црвените ќаволи“ ќе им се спротивстави со следните единаесетмина: на голот Пачовски, во одбраната Тодоровски, Новески, Шиков и Ристовски. Средниот ред е планирано да го држат Глигоров и Тасевски, додева во нападот ударна тројка се очекува да бидат Пандев, Тричковски и Ивановски.
Во рамки на групата „А“, Белгија го дели првото место со Хрватска со по 13 бода, додека Македонија е петта со само четири бода и без шанси да се бори за место што води на „мундијалот“ во Бразил.

Би можело да ве интересира

Пазарот полуде: Три трансфери над 100 милиони фунти

Предраг Петровиќ

Чиро Имобиле ја заврши кариерата на 36 години: Семејството на прво место

Предраг Петровиќ

Денес стана најскапото засилување на Реал, а сè уште ја носи болката: Дрога во пијалакот ѝ го одзеде животот на неговата сестра

Шокантниот трансфер е потврден: Откриено колку Турците ќе му плаќаат на Салах – сега е јасно зошто го избра Трабзонспор

Почина Франко Барези – замина легендата на Милан и на италијанскиот фудбал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Навивачите му извикуваа „Меси“ на Роналдо од трибините, одговори на неочекуван начин