Глоба од 500 евра за жител на Берово за непочитување на полицискиoт час

Од:

Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

Од таму додават дека на Судот му предложиле на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

– Обвинетиот на 25.03.2020 година, во 00:35 часот во Берово, свесен за своето дало и сакајќи го неговото извршување, за време на епидемијата на опасната заразна болест Ковид-19 не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, а со кои се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во временскиот период од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. Обвинетиот управувајќи патничко моторно возило го напуштил својот дом во Берово, се упатил по регионалниот пат Берово-Клепало во насока кон Беровоско Езеро, по што враќајќи се назад во насока кон градот Берово во 00:35 часот на местото викано Епрев Дол, атар на Берово, бил запрен при контрола од патрола на МВР, велат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он