Главниот бугарски обвинител доаѓа во Скопје, лично ќе побара правна помош од Обвинителството

Од:

Главниот бугарски обвинител Иван Гешев во придружба на истражител денеска ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Северна Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.

Денеска Бугарското обвинителство треба да објави нови информации за трагедијата.

Во меѓувреме, продолжува истрагата за тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Бугарската телевизија „Нова“ јави дека шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Подрачното обвинителство во Перник работат на предистражната постапка.

Портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева уверува дека во најкус можен рок, бугарските истражители ќе ги добијат потребните документи од нивните македонски колеги.

Во меѓувреме, седумтемина преживеани остануваат на лекување кај Пирогов. Нивната состојба е стабилна. Двајца од преживеаните вчера се оперирани. Еден од нив има длабока изгореница на двете раце. Здравствените власти размислуваат оние кои се стабилни да си одат дома кај своите најблиски.

Би можело да ве интересира

Управителот на „Беса Транс“ ќе одговара за фалсификување извод од лиценца за меѓународен превоз на патници

Катерина Ѓуровски

Станков: Пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата

Катерина Ѓуровски

Во Софија приведен маж за недолични коментари на Фејсбук за автобуската несреќа

Катерина Ѓуровски

Недостасува еден патник од автобусот кој изгоре, го нема ниту меѓу повредените, ниту меѓу загинатите

Кристијан Ландов

Нови детали: Сомнежот е дека човечка грешка е причина за несреќата, патниците биле испитани

Кристијан Ландов

Хоспитализираните во „Пирогов“ се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран