Во Софија приведен маж за недолични коментари на Фејсбук за автобуската несреќа

Од:

Полицијата привела 24-годишен маж, кој објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, некомпатибилни со моралните и етичките норми, соопшти бугарското МВР.

dobivaj vesti na viber

Лицето кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал по добиен сигнал, имало криминално досие.

– Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање омраза врз основа на националност преку информациски систем, соопштија од бугарското МВР.

Би можело да ве интересира

Станков: Пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата

Катерина Павлова-Николовска

Недостасува еден патник од автобусот кој изгоре, го нема ниту меѓу повредените, ниту меѓу загинатите

Кристијан Ландов

Нови детали: Сомнежот е дека човечка грешка е причина за несреќата, патниците биле испитани

Кристијан Ландов

Хоспитализираните во „Пирогов“ се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран

Главниот бугарски обвинител доаѓа во Скопје, лично ќе побара правна помош од Обвинителството

Катерина Павлова-Николовска