Гласна музика во поликлиниката во Драчево, се славело пензионирање на колега: Директорот Селими најави санкции

Од:

Ќе има санкции за вработените кои пуштале гласна музика во поликлиниката Драчево за да го прослават заминувањето во пензија на вработен во здравствената установа, најави директорот на Здравствен дом – Скопје, Вулнет Селими.

„По објавувањето на видео снимка од внатрешноста на поликлиниката Драчево, на која се слушаа песни со исклучително висок глас, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку моменти ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток, оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен на Клиниката, што и според него е над нормалното.

За овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на клиниката и против дежурниот лекар одговорен на денот кога се случила оваа сцена. Ваквите сцени не можат да се толерираат во амбиенти каде што луѓето одат да ја добиваат потребната медицинска помош“, напиша Селими на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

ЕУ го подготвува најголем удар против Русија од почетокот на војната

Сенатот на САД одобри нов пакет санкции против Русија, предвидени и царини до 100%

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Марк Карни најави нови енергетски санкции кон Русија

ЕУ подготвува санкции за Бугарија