Гласањето во Осмата изборна единица помасовно од првиот круг

Од:

Гласањето во шест избирачки места од Осмата изборна единица, во Северна Америка, почна без проблеми. За гласање на претседателските избори се пријавени над 1.400 гласачи, а на предвремените парламентарни избори ќе гласаат над 3.300 гласачи.

Во некои од избирачките места, каде има поголем број пријавени гласачи, се создаваат и редици за чекање.

– До 10 часот одѕивот за парламентарните избори изнесува 13 проценти, а за претседателските 11 проценти. Се тече во најдобар ред, излезноста е поголема во споредба со првиот круг гласање на претседателските избори пред две недели, и имаме и помала група граѓани кои чекаат во ред за да гласаат, велат од конзулатот во Торонто.

Редот за гласање засега е најголем во конзулатот во Чикаго, каде се пријавени 1.040 гласачи за парламентарните избори. Околу 1.000 гласачи се пријавени и во конзулатот во Њујорк.

Во дел од верските и културните организации на македонските граѓани во Осмата изборна единица се организира и превоз до избирачкото место за гласачите кои живеат подалеку од конзулатите.

Гласањето е отворено и во двете најмали гласачки места во Осмата изборна единица, во амбасадите во Вашингтон и Отава, каде се пријавени по 40-ина гласачи. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски