Гласањето Могила и Новаци без проблеми

Од:

Граѓаните од општините Могила и Новаци кои избираат кандидати за пратеници од Изборна единица 4 утрово точно во 7 часот почнаа да го остваруваат своето демократско право на глас.

Од ОИК-Могила информираат дека до 10 часот гласале 5,78 насто од 5.455 граѓани што имаат право на глас.

– Гласањето се одвива без пречки и непречено на 23 избирачки места, поврди претседателот на општинската изборна комисија во општина Могила, Славко Велевски.

Во споредба со општина Могила, во соседната општина Новаци во првите три часа има поголем одзив на гласачките места и досега гласале 13 насто од 2.985 граѓани регистрирани во единствениот избирачки список.

– Граѓаните почнаа да гласаат од 7 часот утрово кога беа отворени 24-те гласачки места. Изборниот процес се одвива демократски, посочи претседателот на ОИК- Новаци, Стевче Стевановски.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он