Гласаа затворениците од Центар

Од:

45 лица кои се наоѓаат на издржување на казна затвор или се во притвор во истражниот затвор Шутка, во затворите во Куманово, Штип и Идризово денеска го искористиле своето избирачко право и гласаа за референдумот на локално ниво.

Според информациите од ДИК гласањето помина во ред, а записниците се под надзор и овие гласачки ливчиња ќе се бројат утре по 19 часот заедно со другиот материјал.

Денеска е распределен и избирачкиот материјал во сите 78 избирачки места.

Граѓаните утре од 7 до 19 часот ќе можат да гласаат за референдумот на вообичаените места кадешто гласаат за парламентарни, локални и претседателски избори.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно

Герасимовски: Заокружи го бројот 5 во недела, за континуитет, стабилност и развој на Центар

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите