Глас за Македонија: Коруптивен јавен оглас на Академијата за судии и јавни обвинители

Од:

„На последниот оглас од мај 2019 година, во условите за прием за обука во Академијата за судии и јавни обвинители, критериумите се снижени до крајни граници. Наместо како досега, да се бара од кандидатите просек за завршени студии, оваа ставка е оставена сосема отворена. Затоа утре ќе имаме судии и јавни обвинители со просек 6, што е невиден пад во квалитетот. Исто така, наместо досегашното работно искуство од најмалку 5 години после положен правосуден испит, потребниот стаж е намален на само 2 години.

Затоа за 60 кандидати кои требат да бидат примени, пријавени се над 500.

Ова само значи дека услови нема, односно речиси секој е “квалификуван“ да конкурира. Со ваквиот однос кон правосудството, се отвора пат за непотизам, за произволен избор на кандидатите и за неквалитетен кадар по вкус на власта.

Не е јасно дали изборот ќе се врши на томбола, со бинго или пак со телефонски повици.

Крајно несериозно е да се вели дека се прават реформи во правосудството, а да се нема цврсти и строги критериуми за прием на оние кои утре треба да вршат високи и одговорни функции. Затоа имаме и ќе имаме чудни пресуди, селективна правда и поткуп.

Глас за Македонија во ваквите јавни повици исчитува уште едно место за корупција“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ