А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиевски: За економски развој на Куманово значајно е проширување на прехранбената индустрија

by А1он15/03/2013 - 14:39121
Share0

Кандидатот за градоначалинк од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска оствари средба со стопанственици од прехранбената индустрија и најави дека во неговата програмата, приоритет има економскиот развој на општината.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Покрај тоа што сме заинтересирани за пронаоѓање стратешки инвеститори за технолошко развојната зона која многу ќе значи за градот и ќе ја намали бројката на невработените, сепак и постојните капацитети преку кои сме препознатливи во Македонија и регионот, се приоритет за нас, особено нивното проширување и зајакнување, рече Ѓорѓиевски.

Куманово, освен што е препознатливо како чевларски град,има брендови и во прехранбената индустрија, потенцира Ѓорѓиевски, додавајќи оти за локалниот економски развој е особено значајно нивното проширување, а со тоа и намалување на невработеноста.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, појасни дека во програмата е предвидено и формирање на канцеларии со кои ќе се овозможи поддршка за ново заинтересираните стопанственици кои имаат идеи за развој на мали и средни претпријатија, а кои ќе придонесат за намалување на бројката на невработените во општината.

izbori

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

Горан Наумовски21/08/2026 - 10:34

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски21/08/2026 - 07:5521/08/2026 - 07:57

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Горан Наумовски20/08/2026 - 21:53

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

Горан Наумовски20/08/2026 - 20:44

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Горан Наумовски09/08/2026 - 20:50

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Горан Наумовски15/06/2026 - 07:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео