Ѓорѓиевски: Волкот најверојатно e незаконски чуванo со ремче и ланец

Од:

Волкот кој вчера беше заловен во скопската населба Козле најверојатно бил незаконски чуван во урбана средина, а според првичните информации, дивото животно било држено со ремче и ланец.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ја осуди ваквата постапка, оценувајќи дека станува збор за сериозна неодговорност и загрозување на јавната безбедност.

„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, изјави Ѓорѓиевски.

По интервенцијата на надлежните служби, волкот е безбедно транспортиран во Зоолошка градина, каде што моментално е под надзор и грижа на стручни лица.

Ѓорѓиевски порача дека институциите мора целосно да го расчистат случајот и да утврдат одговорност за незаконското чување на дивото животно.

„Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување“, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Волк избега од зоолошка градина во Токио

А1он

На плажа во Грција, девојче од Србија нападнато од волк: „Ја закачи со шепата“

„Анима Мунди“: Спасени се три мали волкчиња

А1он

Волк задавил стадо овци во Делогожда

Емир Латифовиќ