Ѓорѓиевски вети проекти за уредување на централното подрачје на Куманово

Од:

Пешачка зона во централното градско подрачје вети кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски, кој денеска со кандидатите за советници од коалицијата оствари средби со граѓаните од централното градско подрачје во Куманово.

– Куманово нема препознатливо централно подрачје како што имаат другите градови. За таа цел, планираме да го решиме главното градско јадро, со уредување пешачка зона на улицата „Илинденска“, која ќе биде затворена за сообраќај. Исто така, ќе ги обновиме фасадите во автентичен стил, ќе бидат поставени клупи и целиот простор ќе биде хортикултурно уреден. Шеталиштето ќе биде гордост за кумановци, а и гостите кои ќе го посетат градот ќе имаат можност да го видат староградскиот стил на Куманово, рече Ѓорѓиевски.

Потребите на граѓаните, според него, заземаат значајно место во програмата за локалните избори. Вети и изградба на катна гаража, што ќе придонесе за уредување на сообраќајниот метеж во центарот на градот.

Претпладне Ѓорѓиевски посети и чевларска фирма  каде оствари  средби со работничките и истакна дека економскиот развој на градот има доминантно место во програмата.

– Формирање здруженија и активирање на здруженијата е планирано во програмата, а тие ќе овозможат поддршка токму за чевларската индустрија, наведе Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ