Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии

Од:

Културата е срцето на Скопје! Денес остварив значајна средба со културните работници, професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, докажани автори и творци, филмски работници, МКЦ и независната културна сцена, се вели во соопштението од Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.

„Заедно со мојот советник за култура, Лазе Трипков, разговаравме за иднината на културниот развој на Скопје, за поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство, отворањето на нови простори за културна експресија, како и за соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции. Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии. Со ваквите средби го градиме мостот помеѓу институциите и културните работници, создавајќи заеднички стратегии и проекти што ќе му дадат ново лице на културниот живот во нашиот град. Сите идеи и иницијативи што денес ги слушнавме ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Град Скопје“, вели Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците