Ѓорѓиевски: Правната држава ќе се врати кога СДСМ ќе падне од власт

Од:

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека на јавноста и било јасно дека СЈО служело како алатка во рацете на СДСМ за пресметка со своите политички неистомисленици и дека преку монтирани и креирани случаи по нарачка на СДСМ се пресметувале со непријателите на Зоран Заев. Како што рече тој, Катица Јанева преку монтирани, незаонски прибавени снимки и изнудени искази конструирале предмети со цел оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа институција работи исклучително непрофесионално, необјективно и селективно креирајќи целосно неиздржани обвиненија. Да биде иронијата уште поголема, човекот за кој ова обвинителство работи, Зоран Заев е два пати аболициран за тежок криминал и во овој момент се гони за барање на поткуп. Општинскиот комитет на СДС наречен СЈО креираше и монтираше случаи, но тоа време заврши. Мандатот за отворање и спроведување на истраги заврши. На 30-ти јуни истече рокот од 18 месеци кој партиското обвинителство на СДС го имаше за да состави обвиненија за индициите и сите предмети за кои Катица Јанева сметаше дека има основа да се процесуираат, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека се што ќе преземеле натаму како предистражно или истражно дејство било криминал и класична злоупотреба на службената положба од политички причини и излегување од законски дадениот мандат, а за таквата злоупотреба ќе се одговарало и ќе имало одговорност не само за политичките обвинители од СЈО туку и за оние судии или други лица кои им помагале.

– СЈО имаше шанса да го расчисти скандалот со прислушувањето и да се избори за кредибилитет. Наместо тоа, Катица Јанева реши да ги помилува Заев, Верушевски и останатите обвинети во Пуч, кои незаконски следеа, снимаа, монтираа, емитуваа и препродаваа приватни разговори. Легитиметот на СЈО да отвора нови постапки одамна заврши. Целата ситуација отвора сомнеж дека СЈО на копче и понатаму се активира од Зоран Заев за пресметка со своите неистомисленици. Зоран Заев нема да биде вечно на власт и нема вечно да го штити криминалот. Правната држава ќе се врати кога СДС ќе падне од власт. Потоа, согласно закон, секој ќе си одговара за несоодветното, нелегално и непрофесионално работење, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија