Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во посета на Којнаре

Од:

Ревитализација на добиточниот пазар, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата „За подобра Македонија“ Зоран Ѓорѓиевски при денешната посета на овој пазар во Којнаре.

Според Ѓорѓиевски, пазарот моментно не ги исполнува условите за продажба, а со постојните услови за чување на добитокот не се исполнуваат хуманите стандради.

– Пазарот не ги исполнува стандардите, што особено се забележува во летниот период, добитокот е оставен на милост и немилост од горештините, нема ниту вода за пиење, а воедно хигиената е на ниско ниво, рече Ѓорѓиевски и додаде дека постојниот објект ќе се ревитализира по европски стандарди.

Во неговата изборна програма е предвидена и санација на мостот во Долно Којнаре.

– Во последниве осум години, мостот воопшто не е саниран, иако станува збор за фрекфентно место, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој најави и ревитализација на постоечкиот зелен пазар во Куманово, но и изградба на нов пазар во населбата „Гоце Делчев”.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада