Ѓорѓиевски од Трубарево: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје

Од:

Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган – алармираше на својот ФБ профил Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје.

Тој истакнува дека се ангажирани општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во затрупување на пожарот.

-Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР. Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа! Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје – вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека некој си игра со нашето трпение и здравје и упати апел до сите надлежни институции да постапат „итно и безмилосно“.

 

-Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров! Ние остануваме на терен со луѓето, сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат – објави Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат