Ѓорѓиевски најави реновирање на Центарот за култура во Куманово

Од:

Реновирање на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, најави денеска кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски.

– Благодарение на Министертвото за култура, Центарот доби современа технологија за прикажување филмови, а во програмата е зацртано и поставување на спомен биста на македонскиот творец Трајко Прокопиев, изјави Ѓорѓиевски.

На новинарско прашање дали ќе ги продолжи започнатите капитални проекти доколку ја преземе власта во Куманово, Ѓорѓиевски рече дека  се што е почнато со средства од граѓаните, ќе се заврши.

– Во програмата е предвидено реновирање на руинираните објекти и нивно доведување во една репрезентативна состојба. Што се однесува до објектите кои се почнати, прво треба да се увиди финансиската конструкција, исплатливоста на објектот и начинот на одржување, но се што е почнато со средства на граѓаните ќе биде завршено и капиталните проекти и улиците, рече Ѓорѓиевски.

Денеска поддршка на кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски даде и Демократската партија на Турците.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори