Ѓорѓиевски: Ќе работиме посветено и ќе дадеме се од себе за подобрување на Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата „За подобра Македонија“ Зоран Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција ја претстави изборната програма.

– Имаме програма со која ќе настапиме на овие локални избори како и досега. Разликата од сите наши конкуренти е што ние работиме посветено, ќе дадеме се од себе и своите зборови ќе ги претвориме во дела, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека во програмата со која настапуваат на изборите се опфатени главните определби по кои ќе работат, а меѓу нив ги посочи проектот за зелено Куманово и за локален економски развој. Ѓорѓиевски рече дека се планирани и проекти од инфраструктурата, културата, образованието, младите и спортот.

– Во нашата програма за која ветуваме комплетна реализација во периодот од четири години ќе понудиме нова ера за Куманово, ново време за кумановци, рече Ѓорѓиевски на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?