Ѓорѓиевски: Доказ за ветеното ќе бидат реализирани дела

Од:

Граѓаните се оние на кои им е потребна промена во Куманово, нагласи на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски.

– Победа за приклучување на Куманово на еден нов многу пропросперитетен и попрогресивен пат, пат по кој како доказ за она што го ветуваме ќе бидат реализирани дела. Дела кои ќе бидат трајно добро за нас и граѓаните на најголемата општина во Македонија, рече кандидатот Ѓорѓиевски.

Тој ги повика граѓаните на 24. март да ја исполнат својата граѓанска обврска, да излезат достоинствено и како што рече без да дозволат некому да влијае врз нив да го заокружат бројот 19 за Зоран Ѓорѓиевски и бројот 4 за советничката листа предводена од Драган Петковски, со што, потенцира, ќе го трасираат патот по кој Куманово ќе стапи во групата општини со кои Македонија ќе се гордее.

И претседателот на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ,Мирослав Стојановски ги повика кумановци да гласаат за кандидатот за градоначалник Ѓорѓиевски и за советничката листа на Коалицијата „За подбра Македонија“.

– Убедени сме дека граѓаните ќе ги препознаат оние кои нудат конкретни проекти со нови визии за брз развој, кои Куманово ќе го претворат во посакувано место за живеење, истакна Стојановски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он