А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиев: Локалните избори ќе бидат фер, слободни и демократски

by А1он17/02/2013 - 14:02179
Share0

 Владата и сите други државни институции и органи и претходно посакуваа сите политички партии да учествуваат во престојните локални избори. Во таа насока Владата гарантира дека изборите што ќе се одржат на 24.март ќе бидат организирани согласно сите меѓународни стандарди, односно ќе обезбедуваат услови тие да бидат фер, слободни и демократски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска уште еднаш на прес – конференција го повтори портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, изразувајќи жалење и разочарување што некои политички партии, подвлече, одлучија да не учествуаат на локалните избори.

Локалните избори ќе се одржат на 24 март согласно Уставот и законите и сите уставни и законски норми кои ја уредуваат оваа материја се веќе донесени, нагласи тој, и тие не можат да бидат изменети. Сите оние субјекти кои до полноќ аплицирале со свои кандидатури, ја искористиле таа можност и право, што на некој начин е и обврска.

– Инсистиравме да има инклузија на сите политички партии во рамките на овој изборен процес. Околу моментот на нивното влијание на евроатлантските интеграции во наредниот период ќе се очекуваат коментарите од Европската Комисија и ЕУ, кои впрочем и беа дадени досега и сметаме дека граѓаните поседуваат чувство за да можат да проценуваат, да судат и да одлучуваат чија ќе биде одговорноста доколку тоа има сериозни импликации на нашите евроатлантски интеграции, истакна Ѓорѓиев.

Тој потенцира дека сепак, Владата ќе продолжи со интензивни реформи, со спроведување на Акцискиот план за пристапниот дијалог на високо ниво и достигнување на реформите.

Следете a1on на Youtube YouTube

По барање на новинарите да ја коментира поднесената кандидатура за градначалник од Стевчо Јакимоски, владиниот портпарол истакна дека како Влада е некоректно да се коментираат поединечни одлуки за искористување  на демократското право за учество во избори. Тој посочи дека тоа пред се е работа на политичките партии, поединци и субјекти.

izbori

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:0926/10/2026 - 10:34

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:26

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:5818/10/2026 - 22:35

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:3018/10/2026 - 22:03

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:26

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:1018/10/2026 - 22:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео