А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиев: Институциите во мобилна состојба по најавата за нови дождови

by А1он26/05/2014 - 17:41202
Share0

Состојбата е стабилна по синоќешното невреме во Скопје, но надлежните институции во следните 48 часа, врз основа на заклучокот на Владата, ќе бидат во состојба на мобилност и готовност имајќи ги предвид информациите за нови врнежи од дожд во Скопскиот регион, во Повардарието, Северозападна и Југозападна Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во насока на понатамошно постапување во врска со информациите од УХМР дека се очекуваат врнежи во скопскиот регион, во регионот на Поварадарието, северозападна и југозападна Македонија, Владата донесе заклучок со којшто сите државни институции и локалните институции, на ниво на препорака, се обврзани во следните 48 часа да бидат во состојба на мобилност, на готовност на своите тимови, особено на јавните комунални претпријатија „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“, противпожарните единици со задача доколку се појави потреба итно да интервенираат на критичните точки коишто се веќе лоцирани и да придонесат во намалување на ефектите на евентуалните врнежи коишто се очекуваат во текот на денот, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓеоргиев.

Сите државни институции треба да формираат дежурни тимови кои ќе ја надгледуваат состојбата во нивната институција и ќе алармираат за потенцијални предизвици.

На седницата во Владата, Министерството за здравство информирало дека неговите тимови се во состојба на готовност, дејствуваат, има препораки за санирање на последиците од невремето до населението и до институциите.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Центрите за социјална работа при Министерството за труд и социјала се веќе на терен, ги попишуваат потребите на ранливите категории на населението коишто беа загрозени од овие природни непогоди, а Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи се во состојба на готовност за реакција на претстојните предизвици или, пак, санирање на оние последици коишто беа, рече Ѓеорѓиев.

Исто така Владата донела заклучок комисиите за проценка на штети да излезат итно на терен и да ја скенираат и проценат состојбата на терен.

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео