Ѓорѓиев: Ги почитуваме придобивки и учесниците во НОБ

Од:

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев денеска на прес – кофeренција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека исклучително се почитуваат придобивките и учесниците од НОБ.

Државата, дециден е Ѓорѓиев, покажува грижа за одбележување на таа славна епоха од државно-правната историја на Република Македонија.

– Сведоци сме дека во изминатиот период имаме инвестирано во создавање културно наследство, чија цел е означување на тој значаен период од нашата историја, рече тој и наведе неколку изградени споменици како што се споменикот на Методија Андонов Ченто, изградбата на паметник на учесниците во првото заседаниа на АСНОМ, но и на други споменици што значат одбележување на тој значаен период.

Во рамки на законите, можностите и ингеренциите, потенцира владиниот портпарол, ќе се направи обид да се даде дополнителна поддршка за Сојузот на борците од НОБ.

Владата на Република Македонија, подвлече Ѓорѓиев, нема никакво учество, ниту допирна точка во рамки на судскиот спор што Сојузот на борците го води или е во процедура со друго здружение на ветерани.

– Тоа е судски споре меѓу две страни во кој што Владата на Република Мкаеоднија и ниту еден орган или институција на државата нема никакво учество. Ние не би можеле ниту да влијаеме, ниту да се мешаме во судското постапување, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите