Ѓоргиев: Еден член на Комисијата поднесе оставка, продолжуваме со работа

Од:

Претседателот на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, потврди дека еден член од Комисијата денеска поднел оставка.

Членот на Комисијата, Ванчо Ѓорѓиев денеска поднесе оставка, поради како што тврди „обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата од страна на висок функционер на МНР“.

Во неговото писмено соопштение причини за неговата оставка се и, како што тој наведува, „двојното водство во македонскиот дел од Комисијата и отстапка од утврдените принципи за консензуално носење одлуки, измени во учебникот по историја без негова согласност, отстапка од зацртаните црвени линии од другите членови на Комисијата, а на штета на националните интереси“.

Комисијата најави дека наскоро ќе излезе со соопштение до јавноста, со што ќе даде повеќе детали за оставката на Ѓорѓиев.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска на прес-конференција, прашан за оставката на членот на Комисијата, рече дека МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија. Тој истакна дека за него е најважно Комисијата да продолжи со работа и оти МНР ќе продолжи логистички да го поддржи тој процес, и, повтори ниту се мешало ниту ќе дозволи да се меша во содржината и во одлуките што ги носат историчарите. За Османи, како што рече, повеќе загрижува фактот што нема напредок на состанокот, „отколку тоа дали еден член поради различни причини се повлекол“.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов