Ѓорчев:Македонија останува да го чува шаторот на НАТО во Авганистан и Ирак, наместо да биде во него

Од:

Претседателот на собраниската Комисија за одбрана, пратеникот Владимир Ѓорчев денеска пред воениот и цивилниот персонал на земјите-членки на НАТО и земјите членки на Партнерството за мир, кои престојуваат во дводневна студиска посета на земјава, ја презенитраше сериозната посветеност на Република Македонија за членство во НАТО.

Тој јасно порача дека Македонија ги исполнува сите критериуми, воени и политичко- правни за членство во НАТО, но поради грчкото вето на двата Самити на НАТО алијансата во Букурешт во 2008 година и во Чикаго во 2012 година Македонија, нагласи, останува да го чува шаторот на НАТО во Авганистан и Ирак, наместо да биде во него.

Неговата презентација  од страна на пристуните кои се во студиска посета преку НАТО колеџот за одбрана во Рим, е оценета како најинтересна и предизивика голем број прашања и дискусии на сесијата.

Инаку, од  10-12 декември Република Македонија беше домаќин на студиската посета на НАТО колеџот за одбрана. НАТО колеџот за одбрана е основан во 1951 година во Париз и неговата мисија е да придонесе кон ефективноста и кохезијата на Алијансата, во континуитет да придонесува кон стратешкото размислување и да развива центри за едукација и истражување од областа на одбраната.

Република Македонија како земја членка на Партнерството за мир ги користи образовните капацитети на НАТО колеџот за одбрана во Рим за едукација на цивилниот и армискиот персонал.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени