(ВИДЕО) Ѓорчев: Со лајкови ќе ги победам СДСМ, немој да ме извисите

Од:

„Кога ќе дојдеме на власт, таблите со името Македонија што ги вадат нека ни ги дадат на нас. Ќе ги чуваме по подруми и тавани, зашто ќе дојде време кога пак ќе ни требаат. Мора тоа да го направиме, тоа е нашиот аманет”, рече Владимир Ѓорчев, еден од кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска конвенција која што се одржува во Струга.

Тој порача да не помислуваат да полнат кутии на претстојните претседателски избори. „Ќе ги ставиме на црни листи и ние имаме свои адути”, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека кога ќе биде претседател ќе се бори за Македонија со срце, „а не како Зоран Зоран и Никола Димитров за кои се е на продажба и распродажба”.

„Во првите три месеци од мојот мандат ќе ги посетам Белата куќа, Брисел, Лондон и ќе ја кажам вистината за Македонија”, истакна Ѓорчев.

Тој упати порака до делегатите кои учествуваат на денешниот партиски конгрес во Струга. „Јас сум кандидат со бројки. На сите избори сме ги имале најубедливите победи на листите на кои што бев јас. Гласајте за победник кој знае што се избори,”рече Ѓорчев.

Обраќајки се до партиските органи и членството тој потенцираше: „Колеги јас сум ваш сопартиец и брат. Дајте ми ја довербата, нема да ве изневерам. Ова е најважниот говор во мојот живот. Немојте да ме извисите. Јас знам како да победам. За овие 100 дена, 25 пати ќе дојдам во секоја општина, ќе ја преораме Македонија. Дајте ми шанса да го вратам ВМРО-ДПМНЕ на правиот пат“, истакна Ѓорчев.

„Гласајте за некој кој бил во УМС,  гласајте за кандидат кој има и „Фејсбук“ и „Твитер“ и „Инстаграм“ “, им порача Ѓорчев на делегатите од УМС  и додаде дека со лајкови и со терен ќе го победат СДСМ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и дрско е СДС да зборува за темелите на македонската државност откако променија знаме, име и Устав

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Хидросистемот Ѓавато беше запуштен од СДС, работиме на санирање на штетите и тој сега функционира

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ