Ѓорчев: Зголемување на вработеноста со отворањето на руралните економски развојни зони

Од:

Покрај тоа што државата ќе дава 60 проценти од трошоците за трактор и земјоделска механизација, ќе покрива 80 проценти од системот „капка по капка“, набавка на високопридонес добиток, државата сериозно ќе инвестира во руралните средини, рече од Тетово, Владимир Ѓорчев носител на листа во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ.

– По 20 милиони евра за македонските села, за улички, патчиња, сокаци, мали плоштадчиња, домови на културата, домови за млади луѓе. Сериозно ќе се фокусираме и сконцентрираме на руралните средини и во делот на земјоделството и во делот на локалната инфраструктура, како и руралните економски развојни зони ќе овозможиме голем број на откупни центри, голем број на стопански капацитети со што ќе имаме зголемување на вработеноста, истакна Ѓорчев.

Тој додаде дека како ќе се намалува невработеноста, така ќе растат платите на вработените.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски