Ѓорчев: Во програмата на ВМРО ДПМНЕ за Гостивар има конкретни 37 проекти

Од:

Носителот на листата за кандидати за пратеници на колацијата „За подбра Македонија“ во 6ИЕ, Владимир Ѓорчев на прес конференција во штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во населбата Малеарди претстави дел проектите кои се предвидени во програмата „Реално“ за Гостивар. Притоа Ѓорчев направи споредба со најавените проекти на СДСМ.

– Разликата помеѓу програмите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за Гостивар е повеќе од очигледна. СДСМ има одвај седум, кои не се конкретни, ниту имаат рокови и планови.  ВМРО ДПМНЕ има 37 проекти за улиците и патиштата во Гостивар. СДСМ нема предвидено ниту еден збор, ниту една запирка, рече Ѓорчев.

Тој ги наброја поважните проекти, како што се: улица во населба Млаки, улица во населбата Питарница, улица до манастирот во населбата Циглана со должина 400 метри, улица „Живко Брајковски“ од судот до градскиот стадион со должина од еден километар, улицата  „Бањешница“, локален пат пат која води до туланата со должина од 500 метри, санација на свлечиштето на регионалниот пат Гостивар-Кичево кај селото Церово.

– СДСМ не предвидува ништо за училиштатата, а ВМРО ДПМНЕ предвидува санации реконструкции на училишта, како што е поправка на покривот на ОУ „Гоце Делчев“. СДСМ не предвидува ниту една детска градинка, а ВМРО ДПМНЕ предивува 140 низ цела Македонија, па и тука во Гостивар, подвлече Ѓорчев.

На прес-конференцијата во партискиот штаб, зборуваше и Дафина Јовановска-Стојановска кандидат за пратеник, која зборуваше за проектите предвидени во областа на здравството на територијата на општина Гостивар со вредност од над 750 илјади евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски