Ѓорчев: Во Гостиварско ќе има крупни инвестиции во инфраструктурата

Од:

Владимир Ѓорчев, носителот на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 6 го посети Гостивар и на неколку средби со гостиварци пренесе дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ кои се однесуваат на Гостивар и околината.

Како најважни и клучни ги нагласи подобрувањето и осовремнуавњето на регионалните и магистрални патните правци низ гостиварскиот регион, а предвидено е да се гради гасовод кој ќе обзбеди поевитно снабдување со енергенси за индустријата.

– Со целосна реконструкција на постоечкиот патен правец Гостивар-Кичево како на коловозот, така и на сите мостови, ќе се обезбеди поквалитетна комуникација во овој регион. Во план е и изградба на автопат на овој патен правец и поврзување со оној што се гради од Кичево кон Охрид. Крупен зафат е и реконструкцијата на патниот правец Тетово-Пирок-Гостивар, изјави Ѓорчев.

Со програмата, додаде, предвидено е и поврзување на Гостивар со изградба на гасоводот од Скопје, преку Тетово, а исто така ќе биде обезбедено и поврзување од јужната страна, односно со гасоводот од Битола.

– На тој начин ќе се обезбедат поевитни енергенси за стопанството, повеќе работа, а со тоа и отворање на нови работни места. Како важен проект на новата влада е зголемување на социјалната помош за 50 проценти во наредните четири години, потенцира Ѓорчев.

Дафина Јовановска Стојаноска, која се наоѓа на листата за кандидати за пратеници во ИЕ 6 најави и неколку помали пороекти, за кои како што рече, се од голема важност за гостиварци. Таа рече дека ќе се грдат нови 70 социјални станови, две градинки во Гостивар и Врапчиште, ќе има санација и реконструкција на неколку училишта, медицинска опрема во јавните здравствени установи со вредност од 1,5 милиони евра и неколку реконструкции на локални патишта.

Ѓорчев придружуван од сопартијците го посети и локалниот пазар, каде делеше примероци од програмата за претстојните избори.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он