Ѓорчев, Шахпаска и Зендели на зимската сесија на ПС ОБСЕ во Виена

Од:

Пратениците Влатко Ѓорчев, Јагода Шахпатска и Фадил Зендели денеска и утре ќе учествуваат на зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дебатирано за Контрола на оружјето, разоружувањето и непролиферација: предизвици и можности за регионот на ОБСЕ, Климатска криза: Развивање на долгорочни стратегии за справување со климатските промени и нејзините глобални последици, Поддршка на демократијата во ера на „лажни вести“ и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 7 јуни до 11 јули годинава во Берлин.

Ѓорчев и Шахпаска ќе учествуваат и на состанокот на Групата за поддршка на Патот на свилата на ПС на ОБСЕ што ќе се одржи на 22 февруари 2018 година, во својство на членови на оваа група од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на ОБСЕ.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе се обратaт Георге Церетели, претседател на ПС на ОБСЕ, Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ и Филипо Ломбарди, претседател на Ад-хок комитетот за миграција.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител