Ѓорчев се сретна со потпетседателот на Сенатот на Шпанија – Алонсо

Од:

Пратеникот Влатко Ѓорчев како шеф на Делегацијата во Парламентарното Собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) учествува на Конференцијата за жртвите на тероризмот во областа на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, што се одржува на 15 и 16 ноември 2018 година во Мадрид, во организација на Сенатот на Шпанија и ПС на ОБСЕ.

Пратеникот Ѓорчев оствари билатерална средба со потпретседателот на Сенатот на Шпанија – Педро Санз Алонсо. На средбата Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелните политички случувања во Македонија и за соработката помеѓу двете држави.

На Конференцијата пред пратениците се обратија: Педро Санз Алонсо, потпретседател на Сенатот на Шпанија, г. Макис Воридис, претседател на Ад-хок Комитетот на ПС на ОБСЕ за борба против тероризмот, г. Хозе Луис Санз Руиз, претседател на Комисијата за внатрешни работи на Сенатот на Шпанија и други.

Беа разменети мислења и со претставници на организациите на жртвите од тероризмот од Шпанија, САД, Франција и Белгија.

Учесниците во дискусијата ја нагласија потребата за заеднички и координиран пристап во борбата против тероризмот, вклучително и преку спроведување на релевантните меѓународни обврски, а се фокусираа и на потребата за зајакнување на контролата на границите и подобрување на размената на информации на сите нивоа.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски