Ѓорчев се сретна со Метју Палмер: Пријателството и сојузништвото со САД се меѓу приоритетите на нашата надворешна политика

Од:

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев при посета на САД, Вашингтон оствари средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот, како и со Џил Дитрих од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот.

На средбата Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелната политичко економска состојба во Македонија, како и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресретна на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.

Ѓорчев истакна дека приоритет на државата е пријателството и сојузништвото со САД, потенцирајќи дека токму затоа ќе се продолжи со развивање и соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите и дипломатијата.

– Исто така, разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и САД. Пријателството и сојузништвото со САД се меѓу приоритетите на нашата надворешна политика. Затоа, ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите, дипломатијата и сите други области, вели тој.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му