Ѓорчев: СДС се обиде флагрантно да го прекрши Деловникот на Собранието на Република Македонија

Од:

„Обидот на СДС кој го прекрши Деловникот на Собранието е со цел да се замолчи и да се прескокне дебатата за Тиранската Платформа.

СДС сака по секоја цена да ги замолчи пратениците да не може да говорат за штетните последици од Тиранската Платформа која ја има прифатено и која има за цел темелно и долгорочно да ја редефинира државата.

СДС се обиде флагрантно да го прекрши Деловникот на Собранието на Република Македонија. Тоа е доказ колку се ниски демократските капацитети на режимот во најава на Зоран Заев и колку е сериозна платформата што сака и сеуште сакаат да ја сокријат од граѓаните.

Затоа СДСМ спротивно на одредбите на Деловникот и спротивно на собранинската пракса сака да ја прекине дебатата и претресот кој што се одвива во моментот се одвива во Собранието на Република Македонија.

Согласно член 80, став 2 на Деловникот јасно стои дека претресот трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор. И ова не може да биде прекршено под ниту едни услови ниту поради политичката желба на една партија, еден пратеник или една група.

СДС не може по ниту еден основ да им го одземе правото на преостанатите 45 пратеници во Собранието на Македонија да говорат по точката од дневен ред, само затоа што на СДС не им се допаѓаат нивните дискусии.

СДС не смее грубо да ги прекршува правилата на Собранието со цел да ги замолчи народните преставници да го кажат своето мислење ниту пак може тоа да го направи преку она што се нарекува Деловник на Собранието и Устав на Република Македонија. Затоа што јасно е дека станува збор за распродавање на националните и државните интереси кое што СДС на ангро го прави за да се добере до власт.

Граѓаните го видоа недемократското, тоталитарно и авторитарно лице кое владее во СДС. Граѓаните видоа дека СДС е подготвена да ги погази сите правила, да ја погази унитарноста на Македонија, да ја помножи со нула волјата на народот и на крајот на краиштата да се обиде директно со декрет да ги замолчи пратениците кои не размислуваат како нив. Тоа го нема во ниту една, ниту една демократија.

СДС сака преку пуч, насилно да дојде на власт. За таа цел сака да ги замолчи пратениците со кршење на Деловникот, со негово суспендирање, а преку СЈО да врши притисоци врз медиумите и сите останати општествени субјекти кои што можат да им се спротивстават на ова крајно штетно сценарио.

Тоа нема да им го дозволиме. Нема да им дозволиме да направат пуч во Република Македонија и насилно да дојдат на власт со цел да ја реализираат Тиранската Платформа, која што е отфрлена од огромното мнозинство на граѓани.

Граѓаните со право се револтирани. Граѓаните со право се на улиците веќе 40 дена. И во 40 градови и во селата. Тие јасно го кажуваат своето мислење за деструктивната и штетна политика која што ја води СДС.

Јасно порачуваме, на секој обид на СДС за насилно, спротивно на Уставот и Деловникот да дојдат на власт ние ќе се спротивставиме. Исто така им укажуваме на СДС дека секој ваков обид ќе предизвика уште посилен револт на граѓаните, а незадоволството на народот ниту една партија не може да го контролира.

Излезот од ваквата ситуација во која СДС ја доведе државата е нови парламентарни избори! Само така граѓаните јасно и недвосмислено ќе може да се произнесат за правецот во кој што ќе се движи државата, без притоа да бидат измамени со пост изборни платформи, без притоа да бидат измамени со непринципиелни коалициски договори кои сериозно удираат на унитарниот и мултиетничкиот карактер на државата.

Секое спротивно однесување на СДС на волјата на народот само дополнително ќе ја продлабочи кризата.

Затоа народот е на нозе! Затоа Македонија се буди!“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски