Ѓорчев: Минатово полугодие 4.000 ученици си заминале во странство со родителите

Од:

Ако ги погледнеме бројките за цела Македонија со таа тенденција бидејќи цела Македонија се празни, секое село, секој град, Скопје се празни доаѓаме до една ужасна бројка дека само во изминатото полугодие од Македонија си заминале 4000 деца, 4000 ученици се отпишале. Тоа е пораз на владата, тоа се катастрофални бројки рече на прес конференција членот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

– Сите тие 4000 деца имаат 4000 мајки, 4000 татковци, дека има деца кои што се отпишале од градинка, дека има отселени луѓе кои што имаат по 20 години а не засновале семејство доаѓаме до една фрапантна бројка дека во времето на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски изминатото полугодие од Македонија си заминале околу 15.000 и 20.000 луѓе, давајќи бројка за иселени во текот на 2022 година од 30.000 до 40.000 луѓе, кои што се млади, кои што се силата на оваа држава кои што се виталност. Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада на неразбрани трговци, со овој претседател Пендаровски кој со прст не мрда додека државата се распаѓа, додека Македонија пропаѓа и економски, и демографски. Таче Ковачевски кој што не мрда со прст да направи било што за оваа Македонија, а само тера коалиции, Пазар 3, купи ден-помини, со кој што ќе направи некоја комбинација за да остане месец, два, три или пет да остане повеќе на власт, а се помалку и помалку буквално да ја има Македонија со овие иселувања кои ни се случуваат вели Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела