Ѓорчев: Гласајте за иднината на Македонија и за иднината на нашите деца

Од:

Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев активностите од последниот ден на изборната кампања ги започна со прес-конференција што ја одржа на градскиот плоштад во Тетово.

– Ги повикувам граѓаните на Тетово и тетовско, на Гостивар и гостиварско, на мавровско-реканскиот крај и на Дебар масовно да излезат на следниве избори. Ги повикувам за поддршка на Република Македонија, за поддршка на Владата на Република Македонија со 63 пратеници. СДСМ веќе ги загуби изборите. На нив не им значи многу дали ќе имаат 33 или 37 пратеници, но нам на Република Македонија и е и тоа како важно дали ќе имаме 63 пратеници. Да излезат масовно и да гласаат за иднината на оваа држава и за иднината на нашите деца. Изборот е помеѓу проекти и неработење. Изборот е помеѓу стабилност и дестабилизација на Република Македонија, рече Ѓорчев.

Ги повикувам и неопределените и гласачите на помалите партии, старото членство на СДСМ исто така да им се приклучат затоа што, како што рече, оној светоглед, оние идеали што ги имаме за Република Македонија се важни и заеднички. – Ова се најважните избори за државата и да гласаме за стабилна, суверена, независна и еврпска Република Македонија, изјави Ѓорчев.

Во рамките на неговата агенда за денешниот ден Ѓорчев ќе се сретне и со жителите на останатите реони од шестата изборна единица во гостиварско, мавровско-реканскиот и дебарскиот крај.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела