Ѓорчев: Фекална канализација за Градинар по декември 2012 година

Од:

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев кажа дека главниот проект за фекална канализација за населено место Градинар е изработен во октомври 2003 година, има правни и урбанистички проблеми за реализација на истиот.
Според него, во ГУП на Град Скопје кој сеуште е на сила, во делот на индустриската зона каде што се наоѓа фабриката Усје не се предвидени станбени објекти за индивидуално домување, а истовремено околу фабриката Усје, има повеќе од 400 станбени објекти за индивидуално домување кои се нелегално изградени.

„Согласно Законот за Легализација истите се во постапка за легализирање. Во моментов процесот за легализација е стопиран во делот на населбата Градинар, од причини што моменталниот ГУП на Град Скопје истото не го дозволува. Но со измените на ГУП на Град Скопје, кои се очекува да бидат донесени во декември 2012 година сето ова ќе биде надминато и процесот на легализација за овие станбени објекти ќе продолжи. Со легализацијата на сите станбени објекти за индивидуално домување Општина Кисела Вода ќе пристапи кон донесување на нов ДУП за населено место Градинар“, рече Ѓорчев.

Градоначалникот се огласи по вчерашниот протест на жителите на Градинар кои реагираа што немаат фекална канализација а Ѓорчев гради скапи споменици. Градоначалникот кажа дека тоа е проект на владата, а општина платила само за постаментот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината