Ѓорчев: Целосна обнова на регионалниот пат Желино-Лешок

Од:

Ностителот на листата за пратеници од коалицијата За подобра Македонија во ИЕ 6 Владимир Ѓорчев денеска посети повеќе населени места и производни капацитети во општината Јегуновце, како и општинскиот центар Теарце и селото Лешок. На средбите со месните жители Ѓорчев претстави повеќе проекти што ќе се реализираат во следниот период.

– Сакаме да претставиме повеќе проекти што се однесуваат на овој дел од Тетовско како нова спортска сала за основното училиште Александар Здравкоски во Јегуновце, целосна обнова на регионалниот пат од Желино преку Шемшово до Лешок заедно со кракот до Јегуновце со поставување на нов асфалт, локални улици во Вратница, Старосело и Сиричино, регулација на коритото од реката Вардар во должина од околу 7 километри за да се спречат поплавите, изјави Ѓорчев.

Од оосбено значење, нагласи, ќе биде и скорото отворање на подрачна единица на Министерството за земјоделство во Јегуновце затоа што имаме уште повеќе мерки и поволности за земјоделците.

– Наместо 50 отсто помош од државата, а 50 отсто самите земјоделци што покриваа од трошоците за набавка на трактори и друга земјоделска механизација сега предвидуваме на товар на државата да паднат 60 отсто, истото зголемување се предвидува и кај осигурувањето, истакна Ѓорчев.

Државата, додаде, уште повеќе ќе го поддржува земјоделството, ќе растат платите и ќе растат пензиите.

– Граѓаните треба да им веруваат на партиите и да гледаат што е тоа што прават додека се на власт, а не тоа што го ветуваат додека се во опозиција. СДСМ се ветува, сето тоа можеа да го реализираат од 2002-ра до 2006 години, но ниту една од сите овие работи што сега слаткоречиво ги слушаме не ги реализираше тогаш, туку напротив токму спротивното. Ние гледаме да развиваме, гледаме состојбите да одат напред и ќе продолжиме во наредниот период, истакна Ѓорчев.

Во рамките на својата денешна посета на Тетовско, Ѓорчев ја посети фабриката „Мак тојс“ во Лешок, а се сретна со жителите и на Сиричнио, Јанчиште, Вратница и Старосело.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност