Ѓеорѓиевски: Нема оштетени македонски граѓани во полициската акција „Компас“

Од:

Нема оштетени и засегнати граѓани на Република Македонија во последната полициска акција „Компас“ во која беа уапсени 10 членови на криминална група хакери, информира на денешната прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓеорѓиевски.

Дирекцијата за заштита на лични податоци, потенцира тој, подолго време предупредува на можноста на голем број измами кои се случуваа на интернет и, како што посочи, граѓаните на РМ треба да бидат особено свесни за тоа.

– Најновата акција на МВР всушност е и прв ваков оперативен зафат за таканаречен „фишинг“ што означува еден вид на измама што опфаќа збир на неовластени активности на социјалните медиуми насочени кон кражба на идентитет и лични податоци, а со цел остварување на одредена имотна корист, истакна Ѓеорѓиевски.

Дирекцијата за заштита на лични податоци денеска ќе објави уште еднаш листа на препораки за тоа што е најважно за граѓаните на РМ да бидат информирани за ваков вид на измама од кој што може да настрадаат нивните сметки или друг вид на механизам со кој можат да бидат оштетени.

Директорот Ѓеорѓиевски упати апел секој граѓанин на РМ за каков било совет да се упати до Дирекцијата, а особено во врска со можните измами на социјалните мрежи кои што нудат огромни можности, но и предизвици и опасности.

– Дирекцијата за заштита на личните податоци има своја база преземена од МАРНЕТ, така што сите оние субјекти регистрирани со домеин што на крај завршува со „мк“ можеме да ги провериме во истиот момент, бидејќи тоа е наша законска обврска. Прашањето е за сите оние коишто во домеинот завршуваат на скратеници „ком“ или некој друг тип коишто се надвор од подрачјето на покривање на институциите на Република Македонија, рече тој.

Ѓеорѓиевски на прес-конференцијата информира дека на денешната собраниска седница е усвоен Извештајот за работата на Дирекцијата за 2013 година кога беа поднесени вкупно 404 претставки од граѓани и потенцира дека само во првата половина од 2014 година се поднесени речиси ист број претставки, а во врска со социјалните мрежи, како и во 2013 година една третина од вкупнит број претставките се однесувале на повреди на социјални медиуми истото продолжува и оваа година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет