Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Од:

Првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на кампањата вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки, изјави денеска амбасадорот на Европската унија во земјата Дејвид Гир.

-Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од Првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк.

Би можело да ве интересира

Гир: Да се исполнат препораките од ОЛАФ, нема да се намалат средствата за Еразмус+

Горан Наумовски

Гир: Не се точни тврдењата дека ЕУ не ја сака Македонија

Скопската Итна помош доби седум амбулантни возила како донација од ЕУ

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска

Гир: Во изборниот период важно е медиумските актери да известуваат на отворен и непристрасен начин

Гир: Политичките партии да понудат јасен избор на електоратот, да се спречи поларизација и дезинформации